На македонските ракометари и на стручниот штаб сигурно не им беше лесно да заспијат по бурната вечер и натпреварот со Холандија.
Затоа денеска ќе имаа само кратка фитнес-сесија, а тренингот е откажан, па за тоа време со одмор и релаксација ќе се подготвуваат за последниот меч од групната фаза.
Тој ќе биде против Гвинеја, на кој со победа треба да се завери пласманот во главната рунда, каде би пренеле само еден бод.
Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја ќе се игра утре во „Вараждин Арена“ со почеток во 18:00 часот.