Србија доби нов селектор – се враќаат уште ракометарки од славната генерација!

Норвежанецот Бент Дал е нов селектор на женската репрезентација на Србија, пишува „Спортски Журнал“.

Неговиот ангажман треба да трае до крајот на квалификациите за ЕП 2026, со можност соработката да биде продолжена ако двете страни се задоволни од соработката.

Дал важи за одличен стручњак, кој ќе има тешка задача на стартот на новата авантура да ја однесе Србија на СП 2025.

За тоа ќе има помош од Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, кои се враќаат во националниот тим, камбек најави и Катарина Томашевиќ, а многу веројатно ќе игра и Катарина Крпеж Шлезак.

Триото Јањушевиќ, Рисовиќ и Радосављевиќ, кои исто така најавија повлекување од репрезентацијата, ќе му бидат на располагање на Дал.

Норвежанецот ги водеше Драмен, Опсал, Халвард, унгарскиот Шиофок, романската Валчеа…а потоа и репрезентациите на Италија и Чешка. Србија ја чека голем предизвик во баражот за СП 2025 и двомеч со Словенија.