Младост Богданци се засили со пивот пред борбата за Супер лига

Тимот на Младост Богданци го донесе првото засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.

Станува збор за кружниот напаѓач Борјан Цековски, кој доаѓа од суперлигашот Куманово и ќе ги брани боите на Младост Богданци до крајот на оваа сезона.

Цековски има 19 години и неговиот ангажман ќе биде од големо значење во битката за елитната конкуренција.

Претходно младиот Цековски беше дел од составот на Радовиш, каде исто така имаше добри партии.

Младост Богданци е во веќе во плеј-офот за Супер лигата, а во преостанатите пет кола од регуларниот дел во Првата лига ќе се обиде да собере што повеќе бодови пред стартот на разигрувањето.