Според пишувањата на „Афтонбладет“, бундеслигашот Рајн Некар е заинтересиран за еден од најголемите ракометни таленти, левиот бек Никола Рогановиќ.
18-годишниот ракометар е син на поранешниот селектор на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, и моментално работи под палката на својот татко во шведскиот суперлигаш Гуиф.
За големата надеж на шведскиот ракомет интерес имало и од Барселона и Савехоф, но најверојатно Рогановиќ својата кариера ќе ја продолжи во Бундес лигата.
Рогановиќ од Гуиф би можел слободно да си замине поради клаузулата во неговиот договор, па така во следниот период ќе биде интересно каде ќе ја продолжи својата кариера.