„Гладијаторите“ ги запалија моторите за вториот дел – ќе имаат силни тестови

Амбициозниот тим на Охрид по зимската пауза денеска ги започна подготовките за вториот дел од сезоната.

Тренерот Стевче Алушовски на првиот собир на располагање ги имаше сите ракометари, како и новото засилување, десниот бек Де Соуза Мораис Каио Винициус.

Охрид првиот дел од подготовките ќе ги одработи на домашно тло, потоа од 23 до 29 јануари ќе замине за Белград, Србија, каде што ќе учеествува на силениот турнир, „Трофеј Вук Рогановиќ“.

Освен Охрид на овој турнир ќе учествуваат и екипите на Партизан и Панчево од Србија, како и екипата на Нексе од Хрватска. Тимот на Алушовски по турнирот ќе тестира со Металопластика и актуелниот шампион на Србија, Војводина.

Раководството на клубот пред стартот на вториот дел од сезоната договори и пријателска средба со тимот на Куманово.