Струга се засилува – доаѓа српски десен бек со искуство од Македонија

По голманот Огњен Остиќ, кој пристигна во Струга во финишот на есенскиот дел од сезоната, доаѓа уште еден интернационалец покрај езерото.

Станува збор за десниот бек Лазар Адамовиќ, кој во Струга доаѓа по ангажманот во кипарскиот шампион Анортозис Фамагуста.

Српскиот интернационалец во својата кариера настапуваше во Шпанија, Грција, Италија, Кувајт, како и во Македонија.

27-годишниот ракометар две сезони го носеше дресот на Охрид и заедно со македонскиот тим во сезона 2017/18 учествуваше на европска сцена.

Во минатата сезона настапуваше за тимот на Вардар Неготино, од каде што се пресели на Кипар, но таму остана само неколку месеци.