Тимот на Вардар веќе работи на создавање на квалитетен и конкурентен тим и за следните сезони, а првиот кој тоа го најави е левиот бек Дмитро Горига.
Најтрофејниот македонски клуб и украинскиот интернационалец се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона, до крајот на натпреварувачката 2025/2026.
Кратко траеше договорот за останување во Скопје, бидејќи и двете страни беа задоволни од меѓусебната соработка, иако Горига е дел од тимот само неколку месеци.
Сезонава покажа дека е неговото ангажирање е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности. Борбеноста и лојаноста кон клубот секогаш биле очигледни, и не се штедеше тоа да го покаже и на терен.