Селекторот на машката репрезентација на Јапонија, Тони Херона, нема да смета на некогашниот плејмејкер на Вардар, Косуке Јасухира за настап на СП во Хрватска, Данска и Норвешка.
На поширокиот список на Херона има дури 34 ракометари од домашното првенство и само еден интернационалец – десниот бек Шиносуке Токуда од катарскиот Ал Духаил.
Покрај Јасухира, Херона не смета ниту на членот на Охрид, Хироки Мацуока, а ниту на пикерот на Нант, Шуничи Јошида.
Сепак и покрај тоа, Јапонците не се тим за потценување, бидејќи тука е искусното десно крило Хироки Мотоки, левото крило Наоки Сугиока, левиот бек Цацуки Јошино…
Јапонија е во група со Шведска, Шпанија и Чиле на СП, но очигледно е дека по настапот на ОИ, азиската репрезентација започнува циклус, во кој ќе се обиде да вклучи најмногу играчи од домашното првенстов.