Mеталург Автокоманда за едно полувреме го реши Вардар

По триумфот во Штип, ракометарките на Металург Автокоманда ја забележаа втората победа во плеј-офот од Женската лига, откако славеа против Вардар со 33-18.

Иако се очекуваше да има поголема неизвесност, мечот со Вардар го решија во своја корист уште во првиот дел, кога беше 19-8.

Во второто полувреме немаше многу дилеми и избраничките на Јулијана Дамчевска само рутински ја задржаа и ја зголемија предноста.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Гугуљанова со десет и Марија Јанкуловска со пет гола, додека кај Вардар се истакна Нина Неделковска со четири погодоци.