Гол-шоу на Ризоска и Дежиќ, Ѓорче Петров се израдува на втор триумф

Актуелниот шампион Ѓорче Петров запиша втора победа во плеј-офот од Женската лига, откако славеше на домашен терен против Астибо со 48-17.

Само со 12 ракометарките во ростерот, домашниот тим успеа да постигне 48 гола против штипскиот состав, кој имаше десет ракометарки на располгање.

Овој дуел беше ист како оние во регуларниот дел во кои беше прашање само со колку голови ќе слават „лавиците“.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ризоска со 12 и Дежиќ со девет, додека кај Астибо, стандардни беа Анчева со девет и Вучевска со шест погодоци.