Почнува новата ера на Шпанија – познат составот на „фуријата“ за СП 2025

Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, го објави скратениот список од 19 ракометари за подготовките за Светското првенство 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Во споредба со ЕП 2024, во ростерот има дури шест нови имиња, а пет од нив се дел од младинската репрезентација – Петар Цикуша, Виктор Ромеро, Феран Кастиљо, Ѓорѓе Цикуша и Јан Баруфет.

На списокот на Рибера ги нема голманите Коралес и Биоска, а шпанскиот селектор реши партнер на Де Варгас да му биде Сергеј Хернандез. Ги нема пензионираниот Кањелас, потоа Македа кој заврши со националниот тим, а од поширокиот список ги нема крилата Соле, Арињо, ветераните Робледо и Гвардиола…

Подготовките на Шпанија ќе стартуваат на 2 јануари во Кастелон, а „фуријата“ ќе има тестови пред СП 2025 на домашен терен на турнирот со шест селекции. Шпанија ќе игра со Аргентина и Словачка во група, додека во другата група се Норвешка, Романија и Египет. Турнирот е од 8 до 11 јануари, а последниот ден ќе се играат натпреварите за пласман.

Шпанија е во група со Шведска, Јапонија и Чиле на СП 2025.