- Шпанското лево крило Валеро Ривера ја продолжи соработката со францускиот Нант за уште една сезона и тој ќе остане во клубот најмалку до 2026 година. Шпанецот веќе 13 сезони го носи дресот на Нант.
- Десното крило на Мец, Луси Грание, реши да потпише нов договор со францускиот првак Мец и ќе остане во овој клуб најмалку до 2027 година.
- Францускиот чувар на мрежата, Кевин Бонефуа, и наредната сезона ќе го брани голот на швајцарскиот Криенс Луцерн, откако реши да стави потпис на нов договор.
- Некогашниот тренер на Нант, Тјери Анти, нема да ја продолжи соработката со францускиот Шарт и ќе си замине од овој клуб на лето.
- Бундеслигашот Вецлар, каде асистент тренер е Филип Миркуловски, за вториот дел од сезоната се засили со Виктор Петерсен, 24-годишен десен бек кој доаѓа од норвешкиот Драмен и ќе го менува повредениот Немања Зеленовиќ.