Италијански предизвик во Европа за момците на Кире Лазаров

Тимот на Бриксен од Италија ќе биде осминафиналната пречка за „сино-белите“ од Автокоманда во Европскиот Куп.

Денешната ждрепка во Виена им го донесе овој ривал на момците предводени од Кире Лазаров, кои ќе имаат убава шанса за четвртфинале.

Тимот од Автокоманда во претходните две рунди ги елиминира австрискиот Вест Виен и литванскиот Драгунас Клаипеда.

На првиот натпревар, „сино-белите“ ќе биде гостин на 15/16 февруари 2025, додека реваншот е во Скопје на 22/23 февруари, освен ако двата клуба не се договорат поинаку.