ВОДИЧ ЗА ЕП 2024 – СИТЕ ДЕТАЛИ НА ЕДНО МЕСТО

Денеска со шест натпревари ќе стартува Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија, 16-то по ред. Првото ЕП се одржа 30 години претходно во 1994 година во Германија.

За првпат во историјата на континенталниот собир ќе играат 24 селекции. Вторпат по ред три земји се домаќини по она во 2022 година, кога Македонија, Словенија и Црна Гора беа домаќини на најдобрите селекции од Европа.

СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Во споредба со ЕП 2022, сега ќе има плус осум селекции, а во главната рунда ќе се пласираат прво и второпласираните од шесте групи, а потоа најдобрите 12 поделени во две групи ќе се борат за полуфинале.

Првата фаза се игра од 28 ноември до 3 декември, со по шест натпревари дневно – по три од 18:00 и три од 20:30 часот, додека главната рунда стартува на 5 декември и ќе се игра до 11 декември, со по три меча дневно – 15:30, 18:00 и 20:30 часот. Полуфиналните средби се закажни за 13 декември, а финалето и мечот за бронза на 15 декември.

ГРАДОВИ ДОМАЌИНИ

ЕП 2024 ќе се игра во четири града – Дебрецин (Унгарија), Базел (Швајцарија), како и Инсбрук и Виена (Австрија). Финалниот викенд ќе биде во Виена, во познатата „Винер Штадхале“, која беше домаќин на ЕП 2020. Во Дебрецин, натпреварите ќе се играат во „Феникс Арена“ која може да прими 6.500 гледачи, а во Базел, домаќин на ЕП ќе биде салата „Сент Јакобсхале“ која има капацитет од скоро 13.000 гледачи, додека во Инсбрук, дуелите ќе се играат во „Олимпијахале“.

Селекцијата на Норвешка досега има освоено дури девет злата на 15 одржани ЕП, а во ТОП 3 скандинавската селекција заврши дури 13 пати. Данска има три злата и три сребра на континенталните собири, додека Франција досега освои едно злато, едно сребро и три бронзи. Досега на ЕП победуваа и Унгарија и Црна Гора.

ГРУПА А

Селекциите на Унгарија и Шведска се главните фаворити за место во главната рунда. Во оваа група што ќе се игра во Дебрецин, Македонија и Турција би требало да се борат за третото место, што можеби ќе донесе прв шешир во ждрепката за баражот за СП 2025

ГРУПА Б

Во оваа група нема јасен фаворит и може да се каже дека сите имаат шанси за место во главната рунда, па се очекуваат интересни средби. Романките не играат на своето ниво, се чини дека Црна Гора може до првото место, додека Србија со подмладената селекција и Чешка, може да им направат проблеми на Црна Гора и Романија, но тешко дека ќе се пробијат до главната рунда.

ГРУПА Ц

Франција е изразит фаворит за првото место, а Полска би можела да се бори со изменетиот состав на Шпанија за вториот билет за главната рунда. Португалија која се враќа по долго време на ЕП е голем аутсајдер.

ГРУПА Д

Данска иако без дел од најискусните, фажи за прв фаворит за место во главната рунда, додека Фарски Острови, кои се дебитантки тешко дека може да направат нешто повеќе. Домаќинот Швајцарија, кој доста напредна во последно време, ќе се бори со Хрватска за вториот патник во ТОП 12.

ГРУПА Е

Главниот фаворит за злато, Норвешка, ќе игра во групата Е. Реситад е во одлична форма, тука се Лунде, Солбер, Херем, па иако нема да играат Мерк и пензионираната Офтедал, сепак нема да имаат проблеми за првото место. Тука се Австрија, ослабената Словенија, повратникот Словачка…па најголеми шанси за вториот билет му се даваат на еден од домаќините за ЕП.

ГРУПА Ф

Холандија со нов селектор и без дел од најискусните сепак влегува како прв фаворит, додека Германките не би требало да имаат проблеми со Украина и Исланд во борбата за второто место во групата.

КАДЕ ДА ГЛЕДАТЕ

Преноси на територијата на Македоија ќе врши регионалниот спортски канал Арена Спорт, а има и достапни преноси со претплата на ЕХФ ТВ.

МАКЕДОНИЈА НА ЕП

Македонија по седми пат на ЕП, најголемиот успех го има во 2008!

Валентина Радуловиќ со најмногу голови за Македонија на ЕП, во ТОП 5 се Николиќ, Боева…