Мицевска: Сите знаеме зошто сме тука – ќе дадеме се од себе на ЕП

|
11:30

Женската репрезентација на Македонија ги одработува последните подготовки за настапот на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Голманката Јована Мицевска вели дека атмосферата е на високо ниво, дека сите ракометарки се свесни за важноста на големиот настан.

„Ни останаа уште неколку дена за подготовки за настапот на ЕП. Имаме два меча против Хрватска и Србија. Во ваков период секој контролен натпревар е добредојден бидејќи ни претстои настап на големо натпреварување. Атмосферата е на високо ниво, сите ракометарки знаат зошто се тука и амбициите се големи. Во модерниот ракомет никогаш не се знае, ќе дадеме се од себе и се надеваме на позитивни резултати“, вели Мицевска.

Македонија го отвора настапот на ЕП со натпревар против Шведска на 28 ноември, потоа на 30 ноември следува меч со Турција, додека на 2 декември ќе се соочиме со домаќинот Унгарија.

Селекторот на Турција го објави списокот – смета на 23 ракометарки пред ЕП

Автор: Влатко Мирчески
| 18 ноември 2024
19:42

Селекторот на женската репрезентација на Турција, Костика Бучечи, го соопшти списокот на ракометарки пред настапот на Европското првенство 2024.

На списокот кај романскиот стратег партиципираат 23 ракометарки, поголемиот број од нив доаѓаат од домашниот шампионат, а има неколку интернационалки кои настапуваат во Романија.

Како што е познато, Турција е еден од ривалите на Македонија во групната фаза на континенталниот собир.

Освен со Македонија, репрезентацијата на Турцијаза ривали ги има уште Унгарија и Шведска.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза на ЕП.

ЅВЕЗДА НА 9. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – МОНИКА БОСИЛКОВСКА (ПЕЛИСТЕР)

Автор: Редакција
| 18 ноември 2024
17:11

Членката на Пелистер, Моника Босилковска,, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 9. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

Битолчанката во претходното коло со 12 погодоци го предводеше Пелистер до убедлив триумф над Овче Поле СУ.

Десното крило немаше конкуренција на гласањето, доби неверојатни 80% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Марија Анчева од Астибо.

Во конкуренција за ѕвезда на 9. коло беше и голманката од Куманово, Марија Јовановска.

Лукас Јоргенсен на радарот на Веспрем

Автор: Влатко Мирчески
| 18 ноември 2024
20:35

Унгарскиот гигант Веспрем и 25-годишниот Лукас Јоргенсен се на добар пат да постигнат соработка, пишува германскиот портал „Билд“.

Јоргенсен, кој е член на Фленбург, во Веспрем би требало да биде замена за францускиот репрезентативец Лудовик Фабрегас.

Како што е познато, се поизвесно е дека Фабрегас ќе се врати во каталонскиот гигант Барселона, па така раководството на Веспрем уште од сега се активира на трансфер пазарот.

Данецот од минатата сезона е член на бундеслигашот, во кој пристигна од познатиот клуб ГОГ Гудме.

Бидејќи Јоргенсен има актуелен договор со Фленсбург до летото, 2026 година, унгарскиот шампион ќе мора да плати оштета доколку го посакува во своите редови.

Кружниот напаѓач со ГОГ Гудме во сезона 2020/21 беа гости кај Еурофарм Пелистер во рамки од Лигата на Европа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар на Исланд по втор европски триумф

Автор: Влатко Мирчески
| 19 ноември 2024
10:00

Македонскиот вицепрвак Вардар денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Вардар на Исланд против Валур, тим кој го совлада во првото коло со 33:26, ќе атакува на втора европска победа.

Исландскиот тим во досегашниот тек од сезоната освои само еден бод, оној против Порто на свој терен.

Денешен настап во Лигата на Европа ќе има репрезентативецот на Македонија, Филип Талески, кој со Бенфика ќе бидат домаќини на Кадетен Шафхаузен.

Тимот на Талески има максимален ефект во групата Ц – „четири од четири“ и на денешниот натпревар е голем фаворит против швајцарскиот тим.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 5. КОЛО, РАСПОРЕД:
18:45 ГОГ – ГОРЕЊЕ
18:45 ГРАНОЉЕРС – ЗАБЖЕ
18:45 ГУМЕРЗБАХ – ФХ
18:45 ПРЕШОВ – ЛИМОЖ
18:45 СЕСВЕТЕ – ФЛЕНСБУРГ
18:45 ИШТАД – КОНЦТАНЦА 
20:45 АДЕМАР – ЛУЦЕРН
20:45 БЕНФИКА – КАДЕТЕН
20:45 СИЛКЕБОРГ – МОНПЕЛЈЕ
20:45 ХОБРИ – БИДАСОА
20:45 КАРВИНА – ТАТАБАЊА
20:45 МЕЛСУНГЕН – ПОРТО
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – КИЛ
20:45 ТУЛУЗ – САВЕХОФ
20:45 ВАЛУР – ВАРДАР
20:45 ВОЈВОДИНА – НЕКСЕ

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Моравски го засилува Келце, Ристовска добива нов тренер, Шкуринскиј верен на Мешков

Автор: Душко Андов
| 20 ноември 2024
17:11
  • Шпанскиот стратег Карлос Вивер би можел да се врати на кормилото на Рапид Букурешт каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, пишува „handballmania“. Вивер би го заменил Давид Гинеста.
  • Рускиот лев бек Александар Шкуринскиј ја продолжи верноста кон белорускиот првак Мешков Брест за уште една сезона. Тој се врати во клубот каде што настапуваше пред францускиот Нант и одново стана лидер.
  • Полскиот репрезентативен голман Адам Моравски, кој во моментов настапува за германскиот Мелсунген, би можел да го засили тимот на Келце, пишува „ТВП Спорт“. Пред да замине во Германија, Моравски бранеше во Висла Плоцк.
  • Данската репрезентативна голманка Алтеа Рајнхарт нема да ја менува средината и ќе остане во тимот на Оденсе најмалку до 2028 година, откако потпиша нов договор на три сезони.
  • Средниот бек Лука Вицке, кој во моментов е дел од Лајпциг, е на мета на Фленсбург, кој во германскиот репрезентативец гледа замена за Јим Готфридсон, кој на лето се сели во ПИК Сегед.