Срдановиќ од пенал му донесе бод на Вардар на Исланд

|
22:24

Марко Срдановиќ со пенал во последната секунда му донесе бод на Вардар на гостувањето на Исланд, играјќи 34-34 против Валург. Можеа „црвено-црните“ и да победат, но и да загубат, а пеналот беше досуден во последните секунди поради намерно играње со нога и задржување време на Јонасон.

Со овој бод, Вардар остана на третото место на табелата, со три бода, но сега веќе нема ни математички шанси дека би можел некако да стигне до втората фаза. за тоа му требаше триумф.
Вардар беше без неколку клучни играчи Вардар. Поради повреди во Скопје останаа голманот Еспиња, пивотменот Лазаревски, бекот Борозан, а имаа и долго патување во Рејкјавик поради лошите авионски лини. Во Исланд незгодно гостување имаше и Порто кој загуби бод, играјќи 27-27.

На Вардар му требаа 40 минути за да поведе првпат на средбата со Валур, кога Марко Срдановиќ погоди за водство 24-23. Можеше Вардар да ја држи таа предност, но при резултат 24-24, Родригез утна контра, а во следниот напад Валур повторно поведе, 25-24. И кратко траеше надежта на Вардар бидејќи она што „црвено-црните“ не успеваа да го реализираат Валур знаеше да го искористи, па во 48 минута водеа со 29-26. Намали Вардар на 27-28, но по голот на Танкоски, тој беше исклучен 2 минути, па повторно разликата беше „плус 2“ за Валур.

Последните девет минути Валург влезе со предност, но после одлична одбрана на Вардар и на Гогов, и тоа со играч помалку, „црвено-црните“ добија шанса, и Коиј израмнува на 30-30 во 53 минута. И пак , со неискористување на шансите, на спротивната страна Валург реализира за „плус 2“ и ново водство, 32-30.

Ако Валур мислеше дека е готово, така не мислеа ракометарите на Вардар, па брзо вратија и израмнија на 32-32, во 57 минута. Добрата серија на Вардар прородлжи, и Јагуриновски на контра по вторпат поведе, со 33-32, по што Валур мораше да бара тајмаут. До крај на средбата остануваа нецели 3 минути.

Брзо реализираше Валург, а во следниот напад голманот Густафосн со својата 15 одбрана му фати топка од крило на Срдановиќ. Откако Густафсон беше исклучен, Валург играше без голман, и погоди за израмнување, 33-33.
Гогов брани тешка и важна топка, со играч помалку по исклучувањето на Мело. и на 80 секунди до крај имаа напад за ново водство. Но, под пасивна игра Јагурновски шутна покрај гол.

На крај Вардар имаше десетина секунди да огранизира напад, но играчите на Валург реагираа неспортски, па судиите покажаа на пенал и директен црвен картон на Јонасон.

Гоце Георгиевски, Мрако Сдрановиќ и Ашраф Маргели постигнаа по 5 гола, а Горига и Петриќ по четири за Вардар. Во тимот на Валург, најпрецизен беше Пордарсн со 11 гола, а Магнусен даде 7.

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Автор: Редакција
| 19 ноември 2024
17:11

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 10-то коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 10. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 10. коло, резултати:

Група А
Ѓорче Петров 2 – Стружанка 31:18 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Астибо 30:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080

Група Б
Пелистер – Металург Автокоманда 16:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Гевгелија 10:0
Овче Поле СУ слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080

Група В
Спартак – Ѓорче Петров 10:49 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Вардар 19:37 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ770014
2ВАРДАР750210
3ДЕСПИНА84048
4СПАРТАК72054
5ШАМПИОН70070

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 10. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Рона Мифтари - Чаир
58.70%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
30.43%
Јана Ѓошевска - Металург Автокоманда
10.87%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Репрезентативката како на тренинг постигнуваше голови на дуелот против Спартак, броеше до 11.

Рона Мифати (Чаир) – Големата надеж на Чаир имаше одлична партија против Астибо, натпреварот го заврши со 12 гола.

Јана Ѓошевска (Металург Автокоманда) – Беше меѓу најдобрите против Пелистер, зад своето име имаше осум успешни реализации.

Талески без грешка, Бенфика продолжува победнички во ЛЕ

Автор: Влатко Мирчески
| 19 ноември 2024
22:30

Екипата на Бенфика, во која настапува Филип Талески, продолжува без пораз во Лигата на Европа, откако на свој терен славеше над Кадетен Шафхаузен со 39:32.

Бенфика сега има ,,пет од пет” и со новите два бода го задржа лидерското место во групата Ц. Иако до крајот од групната фаза има уште едно коло, швајцарскиот тим има обезбедено пласман во главната фаза.

Талески беше меѓу најдобрите на теренот, левиот бек против тимот од Швајцарија имаше 100% реализација, пет гола од пет обиди.

Во тимот на Бенфика единствено расположен беше Лука Марош, кој во мрежата на домаќините имаше девет успешни реализации.

Како што е познато, македонскиот вицепрвак Вардар на гостувањето на Исланд кај Валур одигра нерешено, 34:34, додека Мелсунген без проблеми славеше против Порто со 32:27.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 5. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
ГОГ – ГОРЕЊЕ 31-21
ГРАНОЉЕРС – ЗАБЖЕ 41-30
ГУМЕРЗБАХ – ФХ 32-24
ПРЕШОВ – ЛИМОЖ 31-34
СЕСВЕТЕ – ФЛЕНСБУРГ 28-32
ИШТАД – КОНЦТАНЦА 38-29
АДЕМАР – ЛУЦЕРН 30-31
БЕНФИКА – КАДЕТЕН 39-32
СИЛКЕБОРГ – МОНПЕЛЈЕ 22-34
ХОБРИ – БИДАСОА 28-35
КАРВИНА – ТАТАБАЊА 31-31
МЕЛСУНГЕН – ПОРТО 32-27
ТОРЕЛАВЕГА – КИЛ 30-33
ТУЛУЗ – САВЕХОФ 30-33
ВАЛУР – ВАРДАР 34-34
ВОЈВОДИНА – НЕКСЕ 31-26

Срдановиќ од пенал му донесе бод на Вардар на Исланд

Тимот на Вори одигра одлично против Фленсбург, но поискусниот тим ги собра бодовите во Загреб

 

Тајник: Цела Битола очекува победа, а ние ќе се потрудиме да ја оствариме

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
12:02

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го чека нов предизвик во Лигата на шампионите – данската Фредериција гостува во Битола.

Средниот бек Домен Тајник вели дека ќе биде тежок натпревар, но дека тој и неговите соиграчи ќе бидат подготвени.

„Навивачите очекуваат големи работи од нас на овој натпревар. Ќе биде многу тешко. Фредериција е одличен тим и ние имавме многу кратко време да работиме со новиот тренер. Се подготвуваме добро и ќе биде подготвени за дуелот во среда. Целиот град очекува победа и ние ќе го дадеме нашиот максимум за тоа да се случи“, вели Тајник.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Будуќност на Ристовски го сруши Ловќен

Автор: Влатко Мирчески
| 17 ноември 2024
22:14

Екипата на Будуќност, во која настапува Борис Ристовски, славеше над актуелниот црногорски шампион Ловќен со 28:24.

Најзаслужни за победата против Ловќен беа голманот Зарија Лутовац, кој натпреварот го заврши со 15 интервенции, како и одличниот Самид Мекиќ со десет реализации.

Велешанецот Ристовски во дадената минутажа на теренот имаше 100% реализација, еден гол од еден обид.

Тимот предводен од Драшко Мрваљевиќ со новите два бода дојде до десет бода на свое конто и се израмни со лидерот на табелата Рудар.

Следен предизвик за Ристовски и колегите ќе биде домашниот натпревар против незгодната Будванска Ривиера.

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар без „пола“ тим на Исланд, европско деби за Богдановски и Пинто

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
13:13

Европската ракометна федерација ги објави составите на екипите на Валур и Вардар за пресметката од петтото коло во Лигата на Европа.

Македонскиот тим е значително ослабен на ова тешко гостување и ќе биде без кружниот напаѓач Милан Лазаревски, голманот Мигел Еспиња, левиот бек Вуко Борозан…кои досега беа стандарни првотимци.

Тие се повредени, а дополнително ќе биде познато колкава ќе биде нивната пауза од ракометните терени.

Во составот не се десното крило Ален Ќосевски, левиот бек Томче Стојановски, левото крило Марио Стојановски, како и десниот бек Кристијан Стаменковиќ. Деби во „црвено-црниот“ состав треба да имаат голманот Марко Богдановски и десното крило Мигел Пинто.

Натпреварот меѓу Валур и Вардар се игра вечерва од 20:45 часот.