Македонија на тест со еден од домаќините на Мундијалот

Машката репрезентација на Македонија по двата меча од квалификациите за ЕП 2026 година, ќе има голем предизвик на СП 2025.

Пред настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, избраниците на Кире Лазаров, би требало да одигра пријателски натпревар со селекцијата на Хрватска.

Хрватите ќе тестираат со селекциите на Италија во првиот дел од подготовките, потоа со Словенија во Загреб, а дуелот од Македонија најверојатно ќе биде од затворен тип, затоа што ќе биде последен тест пред стартот на СП 2025.

Македонија ќе игра во групната фаза во Вараждин против селекциите на Холандија, Унгарија и Гвинеја, а доколку се пласира во главната рунда ќе остане во истиот град.

Хрватите ќе играат во Загреб против селекциите на Египет, Аргентина и Бахреин.