📸 Двојна радост во Охрид – Крстевски се вери, Бојаниќ се ожени

Кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ и средниот бек Горан Крстевски вечно ќе го паметат минатиот викенд.

Покрај ракометните активности, во составот на „гладијаторите“ имаше и активности надвор од теренот.

Крстевски ја побара раката на неговата долгогодишна девојка Симона Митревска и доби потврден одговор.

Бојаниќ, пак, откако пред неколку месеци исто така доби „ДА“ од Тамара Таневска, сега Бојаниќ, викендов стапи во брак и го потпиша најважниот животен договор.

Следува ЕХФ недела во Супер лигата, па охриѓани ќе може да го продолжат славјето.