Некогашна членка на Кометал ЃП го засили стручниот штаб на Дибирова во Ростов Дон

Некогашната голманка на Кометал Ѓорче Петров, Бранка Јовановиќ, го засили стручниот штаб на рускиот вицепрвак Ростов Дон.

Таа влезе во стручниот штаб на Ирина Дибирова во Ростов Дон, и ќе работи со голманките Анастасија Лагина и Јулија Грацкевич.

Јовановиќ дебитираше на клупата на мечот со Динамо Синара, а беше и на мечот во Москва, кој Ростов Дон го доби против шампионот ЦСКА.

Србинката во богатата играчка кариера освен дресот на Кометал ЃП, ги носеше и оние на Младост, Раднички Белград, ОРК Белград, Крим, Есбјерг и Дин Ниш, а во моментов е дел од стручниот штаб на Урош Брегар во српската репрезентација.