Ристовска со одлична партија против Баја Маре

Македонската репрезентативка Сара Ристовска одигра одличен натпревар во романскиот шампионат, но нејзиниот Рапид Букурешт не успеа да ја добие драмата со Баја Маре.

Овие две екипи се судрија во рамки од 8. коло од романскиот шампионат, а Баја Маре ги освои планираните бодови, откако триумфираше минимално, со еден разлика, 24:23.

Ристовска беше меѓу најдобрите на теренот, десното крило од Македонија натпреварот го заврши со пет погодоци и зад своето име запиша две асистенции.

За Рапид Букурешт ова беше трет домашен пораз, сега остана на 13 бода и моментално се наоѓа на 6. позиција на табелата.

Следен предизвик за Ристовска и колешките ќе биде гостувањето кај некогашниот европски гигант Валчеа.