Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе има нов предизвик во Лигата на шампионите.
Пелистерци за ривал во рамки од 7. коло од европската елита ја имаат екипата на Фредериција, која во претходното коло славеше над Висла Плоцк.
Еурофарм Пелистер токму на денешниот натпревар ќе ја брка првата победа во најквалитетното европско натпреварување.
Во групата А, во која се наоѓа и македонскиот шампион, денес ќе има уште еден натпревар, ќе играат Динамо Букурешт и Фуксе Берлин.
Освен двата натпревари од групата А, во групата Б актуелниот шампион Барселона на свој терен ќе се соочи со францускиот Нант.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 КРАСНОДАР – АСТРАХАНОЧКА (РУСИЈА)
17:00 ЅВЕНИГОРОД – ЦСКА (РУСИЈА)
17:30 РОСТОВ – СИНАРА (РУСИЈА)
18:45 ДИНАМО – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛШ)
18:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛШ)
19:00 КОПЕР – СЛОВАН (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ГОРИЦА – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
20:00 ДАНКЕРК – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
20:45 НАНТ – БАРСЕЛОНА (ЛШ)