Јотиќ: Разочарани сме по елиминацијата од Европа, но мора да се свртиме кон домашното првенство

Ракометарите на Охрид по завршувањето на европските обврски, им се враќаат на домашните во Супер лигата.

Избраниците на Стевче Алушовски му гостуваат на Куманово во натпреварот од 9 коло, кој ќе се игра утре.

Среднио бек Ловро Јотиќ им се извини на навивачите за лошото издание и вели дека сега фокусот е на домашното првенство, односно на средбите со Куманово и Вардар.

„Тешко е по елиминацијата од Европа, да се свртиме кон домашното првенство. Сигурно уште некое време ќе ни биде во главите тој меч во Турда, бидејќи многу не погоди, особено мене лично, разочаран сум од себе и од нас, а воопшто од резултатот. Би сакал да им се извинам и на нашите навивачи, бидејќи имавме одличен натпревар дома и страшна поддршка, и неприфатливо е да се загуби со вака голема разлика за едно полувреме, бидејќи во првото бевме добри, а во второто се случи распад-систем. Мора да се фокусираме сега на Куманово, тешко е да се свртиме кон домашното првенство, но нов ден, нов натпревар, па потоа ќе мислиме и на Вардар“, изјави Јотиќ.

Натпреварот меѓу Куманово и Охрид се игра вечерва во салата „Перо Наков“ со почеток во 18:00 часот.