Чаир на тест меч со косовскиот шампион

Тимот на Чаир, кој во продолжението од сезоната ќе биде единствен женски претставник на Македонија во Европа, денес ќе одигра контролен меч.

Чаир ќе тестира со косовскиот Истогу, тим со кој пред две сезони се сретна во Европскиот Куп и успеа да го елиминира.

За избраничките на Басри Љатифи ова ќе биде одлична можност за проверка на силите за претстојниот европски предизвик.

Како што е познато, Чаир во третата рунда од Европскиот Куп има незгоден ривал, а тоа е португалскиот тим Колехио Де Гаиа.

Чаирчанки во втората рунда од Европскиот Куп со две победи го елиминира тимот на Керженг од Луксембург, а со пласманот во третата рунда го повторија најголемиот успех досега.

Првиот натпревар меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа ќе се одигра на 16 ноември, додека реванш натпреварот на 17 ноември, двете средби ќе бидат во Скопје.