ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид на гости во Куманово, Пролет ги пречекува „сино-белите“ од Автокоманда

На денешната ракометна програма ќе има два домашни дуели од 9. коло од суперлигашката конкуренција.

По елиминацијата во Европа, тимот на Охрид му се враќа на домашните обврски, а 7-та сезонска победа ќе ја бара на гостувањето во Куманово.

Охрид е голем фаворит на денешниот натпревар и се очекува без големи проблеми да ги прокнижи планираните два бода.

Ракометарите на Куманово ќе целат да се претстават во најдобро светло пред домашната публика.

Непоразениот тим на Кире Лазаров ќе гостува кај Пролет, кој секогаш бил незгоден ривал за посилните екипи.

Денеска ќе стартува 7. коло во Лигата на шампионите, ќе има пет натпревари на денешната програма, а македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе игра против Фредериција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ДУНАЈВАРОШ – СОМБАТЕЉ (УНГАРИЈА)
18:00 КУМАНОВО – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ПАРТИЗАН – ДУБОЧИЦА (СРБИЈА)
18:30 ОДЕНСЕ – КОПЕНХАГЕН (ДАНСКА)
18:45 КОЛСТАД – АЛБОРГ (ЛШ)
18:45 МАГДЕБУРГ – ЗАГРЕБ (ЛШ)
19:00 КОЛУБАРА – ПАЧЕВО (СРБИЈА)
19:00 КАРЛОВАЦ – ВИНКОВЦИ (ХРВАТСКА)
19:00 ОРМОЖ – РИБНИЦА (СЛОВЕНИЈА)
18:45 СЕГЕД – КЕЛЦЕ (ЛШ)
19:00 ДАЛМАТИНКА – СИЊ (ХРВАТСКА)
20:30 ИКАСТ – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)
20:45 ПСЖ – ПОРТО (ЛШ)
20:45 ВИСЛА – ВЕСПРЕМ (ЛШ)