Започна одбројувањето: Уште еден месец до стартот на ЕП 2024!

Точно уште еден месец има до стартот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во три земји – Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Меѓу 24-те земји учеснички се наоѓа и репрезентацијата на Македонија, која на овој континентален собир ќе го има седмото учество од својата независност.

Македонија за ривали во групната фаза, покрај домаќинот Унгарија, ги ума уште репрезентациите на Шведска и Турија.

Избраничките на Кристијан Грчевски ќе играат во унгарскиот град Дебрецин, првиот натпревар ќе го имаат на 28 ноември против Шведска, потоа на 30 ноември играат со Турција, а два дена подоцна, односно на 2 декември со Унгарија.

Освен Македонија, учесници од поранешна Југославија ќе бидат репрезентациите на Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Србија и Црна Гора ќе се сретнат во групната фаза, двете репрезентации се дел од групата Б, Хрватска ќе игра во групата Д, додека Словенија во групата Е.

Европското првенство ќе стартува на 28 ноември, а завршниот ден од континенталниот собир ќе биде на 15 декември.

Актуелен бранител на златото е Норвешка, која на ЕП 2022, на кое Македонија беше еден од организаторите, во финалето ја совлада Данска со 27:25.