Европската ракометна федерација ги објави деталите пред ждрепката за двојките од третото коло во Европскиот Куп.
По елиминацијата на Тиквеш и Охрид, единствен тим од Македонија ќе биде тимот на Кире Лазаров, кој се најде во вториот шешир.
Ждрепката е закажана за утре од 11:00 часот во Виена, додека натпреварите од третото коло ќе се играат на 23/24 ноември, односно 30 ноември/1 декември.
Tимот од Автокоманда со две победи во второто коло го елиминираше литванскиот претставник Драгунас Клаипеда.
Меѓу потенцијалните ривали се незгодните грчки екипи АЕК Атина и Олимпијакос, некогашниот европски првак Целје, засилениот Партизан, турскиот Бешикташ…
Европски Куп, 3 коло, шешири:
шешир 1
Вест Виен (Австрија)
Извиѓач (Босна и Херцеговина)
Ловосице (Чешка)
АЕК Атина (Грција)
Олимпијакос (Грција)
Хаукар (Исланд)
Драмен (Норвешка)
Арендал (Норвешка)
Баја Маре (Романија)
Крка (Словенија)
Целје (Словенија)
Јерусалем Ормож (Словенија)
Партизан (Србија)
Фади Винтертур (Швајцарија)
Повашка Бистрица (Словачка)
Бешикташ (Турција)
шешир 2
Кремс (Австрија)
Кур (Азербејџан)
Леотар Требиње (Босна и Херцеговина)
Пореч (Хрватска)
Анортозис (Кипар)
Мистра (Естонија)
Полва Сервити (Естонија)
БК-46 (Финска)
Диомидис Аргус (Грција)
Бриксен (Италија)
Раховец (Косово)
Алкалоид (Македонија)
Ловќен (Црна Гора)
Рунар Сандефјорд (Норвешка)
Потаиса Турда (Романија)
Мотор Запорожје (Украина)