Гевгеличани за малку „од готово вересија“ – Велев е херој во Штип, Шампион победнички низ Ресен

Тимот на Шампион ја забележа четвртата победа во прволигашката конкуренција, откако славеше на гости кај Преспа Вардар со 38-28.

Иако домашните отворија со предност од 6-3, набрзина Шампион го сврте натпреварот во своја корист и со серија од шест гола поведе со 9-6. Преспа Вардар се врати за момент во егал, но одново попушти и на пауза гостите заминаа со плус четири, 20-16.

На стартот на вториот дел Шампион отиде на плус седум, 24-17 и немаше дилеми која екипа ќе ги освои бодовите. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ѓиноски со девет гола, како и Сибиновски и Пејковски со по седум, додека кај Преспа Вардар, десет пати погоди Александар Филиповски.

Партизан Гевгелија во драматичен натпревар ја оствари првата победа, откако го победи Текстилец со 40-39, со голот на Иван Велев во последната минута. Иако гевгеличани водеа со десет гола разлика, дозволија штипјани да направат голем камбек.

Во финишот преку Савев донесе водство за штипјани, 39-38, но не успеаја да го крунисаат херојскиот камбек барем со бод. Најпрво Зајков израмни, а потоа и Велев ја запечати домашната судбина. Текстилец имаше последен напад, но немаше време за реализација.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Лисичков со 13 гола и Зајков со девет погодоци, додека кај Текстилец, Филип Џинес погоди 13 пати, а Милисав Петров реализираше девет гола.