Македонскиот интернационалец Мартин Поповски ја продолжи одличната форма во новата сезона од швајцарскиот шампионат.
Тој беше најдобар стрелец во поразот на неговиот тим Цирих на гостувањето кај составот на Кројцлинген со 29-26.
Во натпреварот од 10 коло, Поповски успеа дури девет пати да ја погоди мрежата на домашниот тим.
Следен предизвик за македонскиот интернационалец и Цирих ќе биде гостувањето кај шампионот и лидер на табелата, Кадетен Шафхаузен.