Тимот на Тримо Требње, каде што тренер е Раде Стојановиќ, ја продолжи серијата без пораз во словенчкиот шампионат.
Тримо Требње успеа да остане непоразен на гостувањето кај Шкофја Лока и одигра нерешено, 28-28.
Иако губеше со два гола разлика во финишот, сепак избраниците на македонскиот селектор на младинците успеаја да израмнат.
Домаќинот имаше уште десетина секунди за последен напад и победнички гол, но голманот на Тримо, Тин Херцег, го одбрани тој удар.
Тримо Требње сега има 11 бода на третото место, а прв на табелата е Целје со 15, додека втор е составот на Слован Љубљана со 14 бодови.
Следен предизвик за Стојановиќ и Тримо ќе биде домашниот натпревар со незгодната Крка.