Екипата на Драчево во натпревар од 5. коло од прволигашката конкуренција славеше на гостувањето кај Партизан Гевгелија, триумфираше со 36:30.
За Драчево денешниот триумф беше трет во новата натпреварувачка сезона, избраниците на Велимир Настевски сега на свое конто имаат седум бода во групата Б, додека тимот од Гевгелија останува на нула
Иако домаќините водеа на полувреме со 15:14, сепак, не издржаа до самиот крај, гостите одиграа подобро во последниот дел и заслужено се радуваа на осбоените бода.
Најефикасни во победничката екипа беа Димитар Петковски со осум и Филип Дабевски со седум погодоци.
Во поразениот табор најрасположен за игра беше Горан Лисичков, кој натпреварот го заврши со 14 гола, а го следеше Јован Гетов со шест.