ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Охрид со најдобрите на мегдан на Потаиса Турда

Ракометарите на Охрид денеска пред својата публика го стартуваат настапот во Европскиот Куп.

Ривал на „гладијаторите“ во втората рунда од второто по ранг европско клупско натпреварување е Потаиса Турда од Романија.

Тренерот на Охрид, Стевче Алушовски, за овој натпревар го одреди составот и ќе може да смета на најдобрите.

Кај Потаиса Турда има две познати имиња – Иракли Кбилашвили и Матеуш Пиеховски,  првиот мина краток период во Металург, додека вториот беше дел од Еурофарм Пелистер во пролетниот дел од минатата сезона

Натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда ќе се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.