Алиловиќ: Среќни сме за оваа победа

Полскиот шампион Висла Плоцк конечно дојде до победа во Лигата на шампионите, откако во натпревар од 5. коло на свој терен славеше над македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Избраниците на Хавиер Сабате против битолскиот тим триумфираа со 26:18, а еден од најзаслужните за победата беше голманот Мирко Алиловиќ, кој натпреварот го заврши со 11 интервенции.

Искусниот голман истакна дека неговиот тим одиграл добар натпревар и беше среќен за освоените два бода.

,,Конечно успеавме да ги освоиме посакуваните два бода, за овие бодови работевме многу напорно. Навистина сме среќни за оваа победа, особено по оние несреќни порази од ПСЖ и Фуксе Берлин. Одигравме еден добар натпревар од почеток до крај, честитки и за нашите противници, им посакувам се најдобро во понатамошниот дел од натпреварувањето”, изјави Алиловиќ.

Висла Плоцк во следното, 6. коло од европската елита ќе гостува во Данска кај Фредериција.

Ангеловски: Висла беше подобар тим, ние направивме премногу технички грешки

 

Пелистерци со празни раце се враќаат од Полска