Екипите на Нант денеска ја оствари третата победа во европската елита, откако на гостувањето кај Магдебург дојде до триумф од 32:28.
Двете екипи во двете полувремина играа променливо, со осилации во играта, па така ниту една од нив не можеше да направи исчекор, односно да дојде до поголема разлика.
Во текот на првиот дел, тимот од Франција во неколку наврати имаше ,,плус два”, но домашниот тим на полувреме замина со минимална предност од 16:15.
До 37 минута се играше гол за гол, потоа ракометарите на Нант започнаа постепено да се одлепуваат и во 48 минута дојдоа до плус пет, 25:20.
До крајот на натпреварот немаше поголема резултатска промена, гостите ја одржуваа стекнатата предност и дојдоа до трет сезонски трумф во елитата.