Металари и Николовски ќе му судат на освојувачот на трофејот во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто коло од Лигата на Европа.

Исмаил Металари и Ненад Николовски добија евро-делегирање и ќе му судат на освојувачот на трофејот во второто по ранг натпреварување.

Тие ќе бидат арбитри на дуелот меѓу чешката Карвина и германскиот Фленсбург, а делегат ќе биде Јанка Стасова.

Натпреварот меѓу Карвина и Фленсбург е закажан во „Старс Арена“ во Карвина на 15 октомври со почеток во 20:45 часот.