Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува четвртиот натпревар во Лигата на шампионите, а гостин во Битола ќе биде Спортинг Лисабон.
Левото крило Цветан Кузманоски вели дека португалскиот првак е во одлична форма, но посакува први бодови во елитната конкуренција.
„Спортинг игра во страшна форма, тоа го покажаа и на домашен терен против еден гигант каков што е Веспрем. Но, ние играме на домашен терен, пред својата публика и како и на секој натпревар, ќе дадеме се од себе да се радуваме на први бодови во оваа сезона. Играат брз, модерен ракомет со многу трчање, наше е да одиграме добро во одбраната и да го спречиме нивниот брз напад“, изјави Кузманоски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.