Австриска свирка за Вардар

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на Европа.

Ракометарите на Вардар ќе бидат домаќини на исландскиот тим Валур, а судиите доаѓаат од Австрија.

Станува збор за Денис Болиќ и Кристоф Хурих, додека делегатот доаѓа од Полска – Мирослав Баум.

Натпреварот меѓу Вардар и Валур е закажан за 8 октомври со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.