ЕХФ доживотно суспендира двајца судии од Србија

Според пишувањата на ракометниот портал “HandNews”, Европската ракометна федерација (ЕХФ) доживотно ги суспендирала судиите од Србија, Александар Панџиќ и Иван Мосорински.

Како што пишува споменатиот медиум, причината поради која е донесена оваа одлука е тоа што тие биле вклучени во местење натпревари од Лигата на шампионите.

Иако нивниот случај од ракометниот суд на ЕХФ беше затворен летово, кога двајцата судии заработија парична казна од 2.000 евра, сепак, извршниот комитет на европската ракометна куќа побарал доживотна суспензија за Панџиќ и Мосорински на меѓународно ниво.

Двајцата судии сега официјално се избришани од судење на натпревари на европска сцена, а останува да видиме дали РСС ќе ги суспендира, или пак, ќе им дозволи да судат домашни натпревари.