Вардар пушти во продажба билети за македонското „ел класико“

Од денеска се пуштени во продажба билетите за најголемото дерби на македонскиот ракомет, објавија од тимот на Вардар.

За натпреварот со Еурофарм Пелистер, кој е закажан в сабота на 28 септември од 17:45 часот, во продажба се два типа на билети.

Организаторот на мечот објави дека билетите за горните трибини во СЦ „Јане Сандански“ чинат 350 денари, додека оние за долните трибини се продаваат за 500 денари.

Освен на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ на денот на натпреварот, претходно билети ќе се продаваат онлајн.

Познат е терминот за најголемото дерби – еве кога ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер