Дадоа два гола во последните осум секунди и одат во второ коло, Слобода го мина Кастриоти

Македонскиот претставник Тиквеш е елиминиран во првото коло, откако не успеа да победи ниту еднаш во двомечот со грчката Драма. Иако во Кавадарци домаќинот водеше со четири гола, сепак на крајот беше само реми, што им одговараше на гостите кои одат на мегдан на норвешкиот Арендал во второто коло.

Таму се пласираа романскиот ЧСМ Букурешт, словенечкиот Јерусалем Ормож, норвешкиот Драмен, хрватскиот Пореч….по вторите убедливи победи над своите ривали. Натаму одат и грчкиот Диомидис Аргус и австрискиот Фиверс, кои не успеаја да слават на реваншите, но имаа голема предност од минатиот викенд.

Босанските Леотар и Слобода Тузла, исто така одат натаму откако надоместија на домашен терен негатива по првите средби. За тимот од Тузла играат некогашните играчи на Охрид, Прилеп, Бутел Скопје – Хазеин Рустамов, Берин Бркиќ, Балша Чејовиќ и Лука Иваниќ.

Убедливо најинтересно беше на двомечот меѓу италијанскиот Сасари и Дуделанж од уксембург. По ремито на првиот дуел, Дуделанж водеше со 38-37 на осум секунди до крајот, дозволи два пати да загуби топка и Сасари со два гола по ред славеше минимално, но доволно за пласман во второто коло.

Македонски претставници во второто коло од Европскиот Куп ќе бидат Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда.

Европски Куп, 1 коло, резултати:

Вилјанди – ЧСМ Букурешт 24-35/24-36
Беледије – Леотар Требиње 37-33/28-33
Јерусалем Ормож – Гранитас Каунас 32-26/35-28
Драма – Тиквеш 31-27/26-26
Кастриоти – Слобода Тузла 30-29/28-32
Конверзано – Драмен 31-43/27-38
Амбер – Фиверс 27-35/22-22
Меран – Диомидис Аргус 24-35/30-29
Дуделанж – Сасари 36-36/38-39
Спор Тото – Пореч 26-32/29-32