Норвежанецот Глен Солберг не е повеќе селектор на машката репрезентација на Шведска, соопшти тамошната федерација.
Олимписките игри беа последното големо натпреварување на кое Солберг го водеше националниот тим.
„Среќен сум за можноста што ја имав да го водам шведскиот национален тим. Имавме добро моменти со одлични резултати, освоивме медали, но почуствував дека е време за нешто друго“, изјави Солберг.
Глен Солберг ја презема селекцијата на Шведска во 2020 година и ја водеше на СП 2021, ОИ 2021, ЕП 2022, СП 2023, ЕП 2024 и ОИ 2024.
Со него на клупата Шведска освои светско сребро, европско злато и бронза, а потрагата по неговата замена веќе е започната.