Тимот на Младост Богданци против Мулти Есенс го одигра последниот контролен натпревар пред стартот на новата натпреварувачка сезона.
Младост Богданци триумфираше во Автокоманда со 34:32 и покажа дека се наоѓа во добра форма пред големиот предизвик во Првата лига.
Како што е познато, натпреварите од прволигашката конкуренција ќе започнат овој викенд, а Младост Богданци за прв ривал го има Македонија Ѓорче Петров.
Освен со Вардар Неготино, ракометарите на Младост Богданци ќе играат уште со Драчево, Македонија ЃП, Партизан, Скопје, Текстилец, Шампион и Преспа Вардар во регуларниот дел од сезоната, односно во групата Б.