Амбициозниот тим на Вјоса од Косово во новата сезона ќе има четворица ракометари од Македонија.
Освен Синиша Павлов и Илија Трпевски, во екипата од Раховец ќе настапуваат уште левото крило Филип Димевски и средниот бек Стефан Кочаров.
Димевски во редовите на Вјоса доаѓа од екипата на Драчево, додека Кочаров од довчерашниот прволигаш Бисинов.
Двајцата ракометари на Косово ќе го имаат првиот интернационален предизвик и од двајцата се очекува да бидат меѓу најдобрите во тимот.
Вјоса по пауза од 11 години повторно ќе се натпреварува во суперлигашката конкуренција и ќе се обиде да биде „тврд орев“ за посилните ривали.