Норвешкиот шампион Колстад покажува интерес за шведскиот репрезентативен голман Андреас Паличка.
Тој има договор со францускиот ПСЖ до 2025 година, а според „Андресеависен“, Норвежаните веруваат дека би бил одлична замена за Торнбјорн Бергеруд.
Бергеруд идното лето заминува во Висла Плоцк, Паличка најверојатно нема да продолжи во Париз, па овој трансфер лесно може да биде реализиран.
Швеѓанецот во 2022 се пресели во градот на светлината, а претходно бранеше за Редбергслидс, Кил, Рајн Некар Левен и Алборг.