Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бобан Каковски, во претстојната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Средниот бек ќе настапува за составот на Цвикау, клуб кој се натпреварува во ниските лиги на Германија.
Каковски своевремено беше дел од Еурофарм Работник, а во Македонија ги носеше дресовите и на Голден Арт, Металург и Радовиш.
На интернационална сцена настапуваше за францускиот Сант, како и за тимот на КИФ од Фарски Острови.
Во Цвикау настапуваат Стефан Талевски, Дарио Петровски и еден од најдобрите странци што играле во Македонија, десното крило Реваз Чантурија, а претходно таму играа Борјан Маџовски, Пеце Ѓоргиески и Ангелче Органџиев.