Денеска стартува 55. издание на ТВ Турнирот на шампионите во Добој, на кој ќе учествуваат седум наместо планираните осум екипи.
Меѓу учесниците е и македонскиот првак Еурофарм Пелистер, кој има два трофеи од Добој, но во минатиот век – во 1996 и 1997 година.
Учеството во последен момент го откажа унгарскиот гигант Веспрем, поради тоа што осум ракометари и тројца членови на стручниот штаб се болни.
На денешната програма по свеченото отворање од 20:30 часот, ќе се одигра еден натпревар меѓу унгарската Татабања и хрватскиот Загреб од 21:15 часот.
Еурофарм Пелистер го игра утре првиот меч против Црвена Ѕвезда од 21:00 часот, а во следните два дена ќе игра против Татабања и Загреб во истиот термин.