Тимот на Бутел Скопје вторпат ќе биде дел од меморијалниот турнир што се игра во чест на прерано починатиот ракометар Денис Тот.
Турнирот ќе се одигра во хрватскиот град Ѓаково, од каде што потекнува десниот бек што последните натпревари ги одигра во дресот на Бутел Скопје.
Покрај Бутел Скопје и матичниот клуб на Тот, на турнирот ќе игра уште босанската екипа Грачаница.
На турнирот што ќе се одржи на 31 август, од 14:00 часот ќе играат Ѓаково и Бутел Скопје, додека од 19:00 часот македонскиот тим ќе се соочи со Грачаница.