По настапот на „Купот на пријателството“ во турскиот град Болу, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува настапот на ТВ турнирот на шампионите во Добој.
Пелистерци од вчера веќе се во главниот град на Босна и Херцеговина, а в четврток заминуваат за Добој, каде стартува силниот турнир.
Македонскиот првак ќе биде во група со српската Црвена Ѕвезда, унгарската Татабања и хрватскиот Загреб.
Потоа на 1 септември е натпреварот за пласман, а веќе на 4 септември нашиот првак го чека дуелот од македонскиот Супер Куп.