Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се пласираше во финалето и ќе се бори за трофејот на „Купот на пријателството“ во турскиот град Болу.
Пелистерци го победија рускиот вицепрвак Чеховски Медведи со 26-25 во драматичен натпревар кој беше решен во последната минута.
„Чеховски Медведи е навистина добар тим, имаат искусен тренер, кој знае како да постави игра. Ние не почнавме добро, не бевме концентрирани, но се боревме низ сите 60 минути и на крај победивме. За нас е важно да победуваме дури и ан пријателските натпревари, на сите. Беше тежок меч, но заслуживме да се радуваме“, изјави Радивојевиќ.
Противник во финалето и битката за трофејот ќе биде победникот од натпреварот меѓу белорускиот Мешков Брест и грчкиот АЕК Атина.
КУП НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО: Еурофарм Пелистер преку Медведи до финале