Европската ракометна федерација ги објави официјалницте лица за натпреварите од квалификациското коло во Лигата на Европа.
Ќе бидат активни два судиски пара од Македонија, како и еден делегат. Ацо Николовски ќе биде делегат на средбата меѓу словенечкиот Тримо на Раде Стојановиќ и францускиот Лимож, која се игра на 31 август во Требње од 19:30 часот.
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу шведскиот Кристијанштад и шпанскиот Гранољерс кој е закажан за 31 август од 15:00 часот.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе бидат арбитри на натпреварот меѓу шведскиот Иштад и португалската Мадеира што ќе се игра на 31 август од 16:00 часот.