Откако беа одредени групите на 52. издание на Струшкиот турнир, организаторот го објави и распоредот на натпреварите.
На првиот ден, 14 август, на терен ќе бидат четири македонски претставници – домаќинот Струга, потоа Тиквеш, Вардар и Еурофарм Пелистер.
Од 18:30 часот на терен се домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер, по што ќе следува Свеченото отворање, додека двобојот меѓу Вардар и Тиквеш од 20:40 часот.
Тоа се термините за натпреварите и следните два дена, додека на последниот ден од турнирот мечот за петтото место е од 10:30, за трето место ќе се игра од 18:30, додека финалето ќе започне во 20:30 часот.